(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Анима мунди: Познат струмички доктор врзал куче за автомобил, го влечел во движење и го убил

Од:

Страотна глетка ги шокираше жителите на Струмица. Познат струмички доктор, за кои локални жители не информираат дека бил непресметан и во минатото, врзал за својот автомобил мало кутре и го влечел додека возилото било во движење. Сведочат дека кучето било влечено до изнемоштување и умрело задавено, велат од Анима Мунди.

Станува збор за доктор Зелеников од Струмица, со возило регистарска ознака SR 925AI

„Настанот е пријавен во полиција од страна на локални граѓани, напоредно ние ќе поднесеме кривична пријава како и пријава согласно законот за заштита и благосостојба на животните и инсистираме најстрога кривична казна – казна затвор за овој монструм, како и парична казна согласно законот за заштита и бл. на животните.

Ваквите настани стануваат секојдневие во нашата држава од причина што институционално се толерираат!
Бараме најитно да се разгледа потребата од полиција за животни или наменска служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните затоа што тоа е растечки феномен и сериозна девијација во Република Македонија!“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ