(ВИДЕО) Пожар кај Макази се шири кон Пелистер, има индиции дека е подметнат

Од:

Голем пожар попладнево избувна во атарот на селото Макази во Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, постојат индиции дека огнот бил намерно предизвикан.

Ангелов информираше дека пожарот првично бил забележан на најмалку две одделни локации во јаболкови насади, по што огнената линија почнала да се шири.

Поради опасноста пламените јазици да се доближат до Националниот парк „Пелистер“, ДЗС веднаш ангажираше „Ер трактори“, кои дејствуваат од воздух. На терен се испратени и два противпожарни тима со возила „Пинцгауер“, кои им помагаат на пожарникарите од Ресен.

Во акцијата е вклучена и механизацијата на Националниот парк „Пелистер“. Со неа се пробиваат противпожарни пресеки со цел да се запре ширењето на огнот кон шумскиот појас.

Според Ангелов, денеска низ земјата биле регистрирани повеќе од 30 пожари на отворен простор. Тој повторно апелираше до граѓаните да бидат крајно внимателни и да не предизвикуваат дополнителен ризик.

„Работиме пожртвувано и даваме сè од себе, но нашите сили се исцрпени“, порача Ангелов, укажувајќи дека секојдневното справување со голем број пожари сериозно ги оптоварува локалните пожарникарски единици и државните ресурси.

Би можело да ве интересира

Денеска активни се осум пожари

Спречена катастрофа во Тетово – изгаснат е пожарот кој се движеше кон куќите

А1он

Нова огнена статистика: 31 пожар на отворено, четири сè уште се активни

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее

Активни се три пожари, четири се под контрола

Горан Наумовски

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“