Нова огнена статистика: 31 пожар на отворено, четири сè уште се активни

Од:

Утринава до 7.30 часот регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 24 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, над с. Вражале и с. Тисовица – Општина Зелениково, каде гори мешана шума; општините Гостивар и Македонски Брод – с. Трново (Општина Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод), каде гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат; Општина Чашка – над с. Нежилово, м.в. Сватови, горат ниска вегетација и смреки; и Општина Струга – с. Франгово, гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.

Под контрола се пошарите во Општина Кичево – с. Тајмиште, м.в. Дарда, високостеблеста букова шума; Општина Делчево – депонија, ѓубре; Општина Брвеница – с. Стрмница.

Изгаснати се пожарите во Општина Желино – с. Желино, ниска вегетација, меѓи и грмушки; Општина Желино – с. Стримница, ниска вегетација; Општина Теарце – с. Одри, ниска вегетација; Општина Теарце – с. Непроштен, ѓубре;
Општина Македонски Брод – помеѓу резерватот „Јасен“ и с. Брезница, ниска вегетација и борова шума; Општина Кичево – с. Зајас, ниска вегетација; Општина Делчево – с. Ветрен, м.в. Црквенец, ниска вегетација и мешана шума; Општина Делчево – с. Бигла, одложена кожа во кожара „Годел“; Општина Градско – с. Виничани, ниска вегетација; Општина Гостивар – с. Форино, ниска вегетација; Општина Росоман – с. Манастирец, лозови и овошни насади;
Општина Росоман – с. Росоман, ниска вегетација; Општина Босилово – помеѓу с. Моноспитово и с. Муртино, ниска вегетација и трска; Општина Босилово – помеѓу с. Моноспитово и с. Дабил, ниска вегетација и трска; Општина Теарце – с. Непроштен, ѓубре; Општина Арачиново – с. Арачиново, ниска вегетација и дрва; Општина Карпош – ул. „Скупи“, ниска вегетација; Општина Гази Баба – парк-шума Гази Баба, мешана шума и ниска вегетација; Општина Струмица – с. Куклиш, депонија; Општина Кавадарци – градска депонија „Мелци“, ѓубре; Општина Берово – во близина на Вила Иван, кај Беровско Езеро, ниска вегетација; Општина Куманово – помеѓу с. Лопате и с. Љубодраг, ниска вегетација; Општина Шуто Оризари – ул. „Гарсија Лорка“, ѓубре; и Општина Битола – с. Дихово, ниска вегетација и ѓубре.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола