(ВИДЕО) Повторно проблеми во „Стив Наумов“: Поплава од плафонот и симфонија од радијаторите

Од:

Нови проблеми во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, кој неодамна помина низ, како што беше најавено, целосна реконструкција.

На видеата што ги објави „Студентарија“ се гледа како вода протекува од плафонот, поплавена соба, но и се слуша силна бучава од радијаторите.

Во објавата под наслов „Симфонија од радијаторите во тазе реновираниот ‘Стив Наумов’“, „Студентарија“ информира дека изминатите денови добиле неколку видеа од студенти на кои се слуша силна и непријатна бучава од системот за парно греење во повеќе соби во домот.

Претходно, во едно од купатилата се запали бојлер. Станарите беа евакуирани, немаше повредени.

Би можело да ве интересира

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

ДСД: Тоалетите во „Стив Наумов“ биле лошо реконструирани

Студентите во „Стив Наумов“ во петок ќе имаат топла вода и парно греење

Наум Локоски