(ВИДЕО) Повторно одложена седницата на ДИК

Од:

Седницата на Државната изборна комисија повторно беше одложена вечерва поради потреба од дополнителни консултации околу тоа како и во колкав обем да се извршат теренските проверки на сомнителните гласачи во избирачкиот список.

-На Државната изборна комисија и е потребно дополнително време за дополнителни консултации во врска со усвојувањето на Извештајот од вкрстените проверки, кажа кратко советничката во комисијата, Љупка Гугучевска, која не прецизираше дали има закажан нов термин.

Неофицијално, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ спорат околу бројката на сомнителни гласачи за кои треба да се изврши теренска проверка. Во вчерашниот извештај на ДИК, беа наведени близу 500.000 гласачи како сомнителни, од кои 192.000 како фиктивни гласачи со лични карти издадени до МВР. Над 30.000 гласачи во извештајот се заведени како повеќе гласачи на иста адреса.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања