ВИДЕО: Последни сме во Европа, кај нас писма патуваат и по пет месеци – интервју со Гешовски, Еко Логистик

Од:

Додека во светот се повеќе се купува на интернет, а пратките ви стигнуваат до врата, Македонија се уште е последна во e- трговијата во Европа.

Кај нас писма знаат да патуваат и по пет месеци од Велес до Скопје. Ужасот го ублажуваат приватните компании за достава, но и во овој сектор знае да цвета црниот пазар, достава со такси или некој со приватно возило да си презема пратки па тие никогаш да не стасаат до адресата.

Сопственикот на Еко Логистик Сервис, Игор Гешовски, една од водечките компании во он-лајн трговијата и достава, која беше прогласена и за компанија со најголем раст во регионот, вели дека државате буквално ништо нема помогнато во овој сегмент.

„ Еве да ви кажам ние сме компанија која се грижи за екологијата и набавивме еколошки возила, но сосем сами, немавме никаква субвенција, олеснување и слично. И бизарна ситуација е што имаме испратено писма до министерства, до сите општини барајќи средби како би ги кажале нашите идеи и заедно и ние да помогнеме во овој сегмент, и замислете ниту една општина, никој не се јави ниту средба да закаже, а камо ли дрго“, вели Гешовски.

Освен нелојалната конкуренција и сивата економија, Македонија има уште побизарен проблем, а тоа е менување на имиња на улици на неколку месеци.

„Се соочуваме со необележани улици и броеви на куќи и чести промени на имиња на улици, јас не сум против да именуваме улици, но градете нови, а не да ги менуваме едни исти по 100 пати“, вели Гешовски.

Во Македонија не е регулирано ниту издавање на дигитална фискална сметка, унифицирани електронски апарати за наплата со картичка од терен. АД Пошта на Северна Македонија со години генерира загуби и додека сите доставни служби растат со сериозни бројки, таа стагнира и опаѓа во работењето и покрај монополистичката позиција, ниските цени и поддршката што ја добива од државата, вели Гешовски.

„Ако во Вухан како национални херои беа прогласени доставните служби, кои го снабдуваа населението со храна, лекови и други потребни материјали и помогнаа да не се рашири вирусот, во Македонија речиси да нема никаква помош или да се размислува за развој на доставата. Потребно е државата да направи сериозен план, а тоа е за доброто на граѓаните, да можат и тие да си го олеснат животот и како сите во светот да пазаруваат на интернет и да се сигурни дека пратката ќе им стаса“, вели Гешовски

Гешовски вели дека има милион идеи кој може да се реализираат но никој нема слух.

„Еве пример во аптека во Карпош гледам женичка и викаат лекот на рецепт го има само во Чаир. Ние го имаме ама да си го платите приватно. Тоа за мене е поразително, болни луѓе да се шетаат по аптеки, може да ми е мајка, баба. Зошто да не се направи систем за достава на лекови за хронично болните до дома? Нека направат систем, тендер – но нека сторат нешто да им олеснат на граѓаните, сите да видиме бенефит“, потенцира Гешовски

Погледнете го целото интервју со сопственикот на Еко Логистик Сервис, Игор Гешовски

Би можело да ве интересира

Македонска пошта заглавена во среден век – пратки се делат рачно, доцнат со месеци, нема начин да спречи измами со пратки

„Еко Логистик Сервис“ е лидер во сите категории за национална брза пошта за 2022 година

Орце Костов

(ВИДЕО) Асоцијацијата на компаниите за достава на пратки почна со работа: Борба со нелојалната конкуренција е главна цел

Орце Костов