(ВИДЕО) Попова: Шилегов е најнеспособниот градоначалник во модерната историја на Скопје

Од:

„Шилегов е најнеспособниот градоначалник во модерната историја на Скопје. Поради неговата неспособност Скопје се повеќе наликува на запуштен град. Со денови граѓаните се жртва на кучињата скитници, кои напаѓаат, касаат и ги трауматизираат граѓаните.

Власта на која устата им е полна со ЕУ и НАТО, а чиј претставник е Шилегов треба да знае дека во ЕУ не се оди со полни улици и плоштади со бездомни кучиња кои ги касаат граѓаните, но и туристите оставајќи негативна слика на секој посетител поединечно“, рече Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

„Енормно е зголемен бројот на граѓани кои нападнати од кучињата скитници се јавуваат во скопските болници. Граѓаните се преплашени, не се безбедни ниту младите, ниту возрасните.

Шилегов носи директна вина за огромниот број кучиња скитници низ градот Скопје. Градот нема направено ништо во насока на стационирање и третирање на кучињата во стационарот Вардариште, кој повеќе е празен отколку исполнет со заловени кучиња.

Имено и покрај тоа што постои програма за заловување и третирање на бездомните кучиња во градот Скопје донесена од Советот, според тоа што го гледаме таа не се применува.

Кучињата скитници се директна опасност за граѓаните и треба соодветно да се третираат. ВМРО-ДПМНЕ му препорачува на Шилегов доколку не знае што треба да направи, доволно е само да ги продолжи проектите кои во голема мера беа отпочнати од ВМРО-ДПМНЕ во минатото.

1. Потребно е зголемување и осовроменување на капацитетот на опремата за заловување, како на возилата така и специјална опрема за таа намена.

2. Заловените кучиња кај кои е констатирано дека се агресивни веднаш да се заловат и карантински да се третираат пред да бидат вратени.

3. Изработка на регистар од страна на АХВ на домашни миленици, за потоа да се изврши чипирање на регистрираните домашни миленици, а потоа и на кучињата бездомници со што јасно ќе се разграничи состојбата на континуиран прилив од домашни миленици во бездомни кучиња.

4. Изградба на мини стационари за кучиња во неколку скопски општини, каде за тоа постојат услови.

Граѓаните чекаат резултати. Скопјани не се должни со сопственото здравје да ја плаќаат неспособноста на Шилегов, кој едвај изврши едно обично прскање против комарци.

Градот заслужува одговорност и работа. Скопјани сакаат чист и безбеден град“, изјави Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски