(ВИДЕО) Попова: Шилегов да одговори зошто прекина со градбата на Луна паркот во Скопје

Од:

„Градоначалникот на Скопје, Шилегов не престанува со креирањето на скандали. Тој ја прекина градбата на Луна паркот во Скопје. Изговорот е дека ќе бара јавен приватен партнер.

Во меѓувреме не се работи, иако градежните работи беа во полн ек“, вели Ирена Попова, советничка во Советот на Град Скопје.

„Постојат две причини зошто престана да се гради:

Првата е, изговорот на Шилегов дека градот нема пари, но ова е изговор, а не причина. Бидејќи Градот Скопје и Шилегов најавија дека ќе потрошат 8 милиони евра за дислокации на Галии и рушење, што значи пари за Луна парк има.

Втората причина е, дали зад наоѓањето на јавен приватен партнер се кријат бизнис интереси на оваа криминогена власт. Кој треба да го добие овој простор и дали се планира проширување на овој простор, зафаќање на нови површини од паркот и вметнување на големи угостителски објекти со цел исполнување на бизнис интересите на власта? И додека ваквите пресметки траат sкопјани остануваат без Луна парк.

На овие дилеми и сомнежи должен е да одговори Шилегов, кој наместо забави за пуштање на автобуски постојки, садење цвеќиња и по некое дрво треба да се посвети на суштинските прашања и потреби на овој град?“, изјави Ирена Попова, советничка во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син