(ВИДЕО) Попова: Пендаровски го направи Бугарин, Заев го тргува, а Шилегов со скрстени раце за срамните оштетувањата на споменикот на Гоце Делчев

Од:

„Петре Шилегов оди по примерот на неговиот шеф Зоран Заев, кој се откажа од македонскиот јазик и корени. Шилегов, Оливер Спасовски и Стево Пендаровски на 4-ти Мај не положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев или на некој негов споменик во градот Скопје.

Што мисли Шилегов за херојот Гоце Делчев и каков е односот на градот покажува унаказаниот споменик на херојот Гоце Делчев позади мене. Преполн со графити, оштетувања и негрижа на градската власт“, рече Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

„Ова е тажна и разочарувачка слика која говори за односот на Шилегов и градот Скопје кон најсветлиот лик во македонската историја. Пендаровски го направи бугарин, Заев тргува со неговото име, а Шилегов не презема ништо за срамните оштетувања на спомен обележјето на Гоце Делчев.

Како тргнал ќе ни каже и дека ќе го руши и овој споменик, бидејќи тоа е неговиот наратив.

Шилегов е платен од парите на народот, а не од Зоран Заев, доколку не му се допаѓа македонската историја и не сака да ги штити македонските интереси задолжително да си поднесе оставка, бидејќи и самиот кажа дека не живее од плата, тоа нема да му биде проблем. Така ќе ги спаси скопјани и градот Скопје од неговата не работа и неспособност.

Дејствијата на Шилегов се само дополнување на негаторскиот однос на Бугарија кон Македонија, кој го имаме само заради Зоран Заев. Негацијата на нашиот јазик и корени е токму заради СДСМ. Тие наместо да застанат во одбрана на нацијата, тргуваат со сопствениот народ“, изјави Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски