(ВИДЕО) Попова: Дали зад стопирањето на изградбата на Луна паркот се кријат нечии бизнис интереси?

Од:

„Да не се стопираше градбата на Луна паркот до јуни ќе беше готов, дали зад стопирањето на градбата се кријат нечии бизнис интереси.

За Луна паркот кој започна да се гради од минатиот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Трајановски отпочнати се градежни работи во вредност од 4 милиони евра. Тие пари се инвестиција на Градот Скопје. Шилегов сето ова го стопираше, и наместо да го дофинансира проектот тој реши дека ќе бара јавен приватен партнер“, изјави Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

„Да не се стопираше проектот до јуни годинава Скопје ќе имаше нов Луна парк.

Самото ова отвора и сомнеж дека можеби се работи за вносна зделка каде некому ќе му припадне инвестиција за која градот веќе вложил 4 милиони евра? И второ нема никаква сигурност дека навреме ќе се реализира проектот и дали всушност можеби тој простор ќе се пренамени за нешто друго со цел остварување на бизнис интереси.

Јавноста бара одговори кому треба да му припадне зделката за која градот веќе инвестира 4 милиони евра?

И дали Шилегов е сигурен дека овој Луна парк ќе се изгради?

Едно е сигурно највеќе губат граѓаните и најмладите од стопираниот Луна парк бидејќи Скопје сега нема никаков парк за забава и разонада.

Дополнително Скопје ова лето остатнува и без простор за летни дискотеки за младите што ја потврдува негрижата на градот за младите луѓе“, рече Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ