(ВИДЕО) Попов: „Евро“ споменик е симболот на единствената европска вредност која ја разбира Зоран Заев

Од:

„Овој споменик е симболот на единствената европска вредност која ја разбира Зоран Заев. Тој од Европа најдобро се снаоѓа со еврото и тоа изразено токму со оваа вредност од едно евро.

На групата уметници кои го изработиле овој споменик им ја честитаме нивната иновативност, но истовремено им порачуваме да го обезбедуваат максимално за да не заврши во една од менувачниците на југот, бидејќи на тој начин ќе им создадат дополнителни главоболки на Јавното обвинителство кои ќе мора да наоѓаат нови правни преседани во правната пракса“, рече Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова евро е само едно од милионите евра што завршија во џебовите на функционерите на СДСМ, било па пат на иновативност, било по пат на државни тендери доделени на фирмите на вицепремиерот Анѓушев, тендерот во здравството вреден 35 милиони евра и уште десетици други.

Ако ЕВРОТО зад нас го снема, јавноста и надлежните органи треба да го побараат или во Струмица или во Влада“, изјави Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус