ВИДЕО: Поплавен East Gate

Од:

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје откорна покриви, дрвја, поплави многу улици и објекти меѓу кои и трговскиот центар „East Gate“.

„Како резултат на лошите временски услови кои предизвикаа елементарна непогода на територијата на град Скопје, дојде до излевање на вода од атмосферската канализација на уличната мрежа, која предизвика поплавување на подземните нивоа на трговскиот центар.

Во овие услови, менаџментот на трговскиот центар донесе одлука да го затвори центарот за јавноста, и да ги евакуира посетителите и вработените. Согласно усвоените сценарија за безбедност и заштита во услови на елементарна непогода, трговскиот центар беше евакуиран за кратко време“, велат од East Gate.

„Во моментов, заради безбедност на посетителите, возилата во подземната гаража на трговскиот центар ќе останат паркирани, се до исцрпување на водата.

Техничките служби во трговскиот центар во моментот работат на исцрпување на водата од подземната гаража. Овие активности ќе траат во текот на целата ноќ.

Во зависност од прогресот на активностите поврзани со санација на поплавата, трговскиот центар утре, во текот на раните утрински часови, ќе ја информира јавноста и закупците дали трговскиот центар ќе биде отворен за потрошувачите“, се додава во соопштението на East Gate.

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници