ВИДЕО: Помпео ја посети црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео по денешните средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев во Охрид, ја посети црквата „Света Богородица Перивлепта“.

Помпео беше пречекан од поглаварот на Македонската православана црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и владиката Дебарско-кичевки, Тимотеј.

При посетата на црквата „Света Богородица Перивлепта“, Помпео беше придружуван од помошникот државен секретар Филип Рикер, амбасадорката на САД Кејт Мари Бернс и советниците Мери Кисел и Рики Вадел.

Црквата „Света Богородица Перивлепта“, како значајно црковно и културно богатство, неодамна беше реновирана и заштитена со средства обезбедени преку програмите на УСАИД и посебниот амбасадорски фонд за заштита на цивилизациските артефакти на културно и историското наследство, од кој беа издвоени 650 илјади долари.

Со поддршка од САД која досега се обновени и реставрирани и Националната галерија на Северна Македонија, Шарената џамија во Тетово, Златковата кула во Кратово, мозаикот во археолошкиот локалитет Стоби, како и манастирот „Света Богородица Елеуса“, во Вељуса, Струмичко.

Би можело да ве интересира

Помпео: Влезот на Северна Македонија во НАТО ја зајакнува Алијансата „колосално“

А1он

Помпео: Северна Македонија стана 30.членка на НАТО, на 30 март пред седиштето ќе почне да се вее знамето на земјата

А1он

Стратешко партнерство и поддршка за НАТО, но чувајте се од Русија и Кина

Ана Ололовска

Помпео во Охрид: Силна американска поддршка за членство во ЕУ и НАТО

Предраг Петровиќ

Димитров: Посетата на Помпео потврда на значењето што САД го придаваат на нашиот успех

Ана Ололовска

Во тек средба на државниот секретар на САД Помпео со претседателот Пендаровски

Ана Ололовска