(ВИДЕО) Полициските специјалци уапсија бегалец од „Идризово“, осуден за убиство на 12 години затвор

Од:

МВР извести дека денеска околу 8.10 часот полициски службеници го уапсија С.А. (34) од Арачиново, кој избегал од затворот „Идризово“, а е осуден на затворска казна од 12 години поради извршено кривично дело убиство.

https://www.youtube.com/shorts/nnDtgcKrmX8

„На автопатот „Пријателство“, по претходно добиени оперативни сознанија, сопрено е возило „форд“, управувано од Б.Р. (47) од Арачиново, кој е исто така осудено лице што издржува казна затвор во „Идризово“, но бил ангажиран да работи надвор од затворот. Во возилото како сопатник бил С.А., кој е приведен и ќе биде предаден на КПУ „Идризово“. Известен е јавен обвинител и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заради утврдување на други лица инволвирани во бегството на С.А. од затворот“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Левица: Елитните единици при МВР бараат подобрување на статусот кој во континуитет се деградира

Кривична за 10 специјалци на МВР кои незаконски добивале пари

Горан Наумовски

МВР: Кривична пријава против 10 полициски специјалци

Полицајци уапсија бегалец од Турција осуден на 23 години затвор

Уапсен е бегалец од „Идризово“ осуден на 15 години затвор

Горан Наумовски

МВР уапси бегалец баран од Интерпол