Кривична за 10 специјалци на МВР кои незаконски добивале пари

Од:

МВР до ОЈО поднесе кривична пријава против М.П., С.С., Х.С., Б.С., М.Д., Д.Ј.Ј., Н.В., Д.А., Г.С. и Д.Ч. поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Имено, пријавените, вработени во Единицата за брзо распоредување, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 1.12.2023 до 17.9.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од 614.750 денари.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он