Левица: Елитните единици при МВР бараат подобрување на статусот кој во континуитет се деградира

Од:

Незавидната положба во која се оставени припадниците на елитните единици (ЕБР и САЕ Тигар) резултира со се поголем одлив на кадри од овие специјални единици, кои се клучен столб за безбедноста на државата. И покрај високата мотивираност и професионализам на припадниците на овие единици, условите под кои работат се потценувачки и деградирачки, велат од Левица.

„Имено, во континуитет во овие единици грубо се кршат правата од работен однос, додека и платите кои се исплаќаат не се соодветни за ризикот на работните задачи. Информациите кои пристигнаа до Левица се дека вработените во елитните единици се изложени и на намалени плати во случај на боледување, додека истовремено припадниците се и прекумерно ангажирани поради недостиг на полициски службеници.

Дополнително, воспоставена незаконска пракса во овие единици е да не се исплаќа надоместокот за одвоен живот, кој законски им следува на вработените и поради чие неплаќање, МВР може да се соочи со тужби од работни спорови. Како деградирачките плати да не се доволни, вработените во ЕБР и САЕ Тигар се оставени без правото на бонус плати, каде преку разни импровизации вишокот на неплатени часови се заменуваат со слободни денови. Левица апелира до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски веднаш да преземе системски мерки за надминување на неповолните и деградирачки услови под кои работат елитните единици. Изминатиот период дел од припадниците во ЕБР и Тигри се изложени на неосновани квалификации за незаконска исплата на патни трошоци, што дополнително влијае врз моралот и мотивираноста во овие единици.

Пожртвуваноста и мотивираноста на елитните единици во секоја држава се суштински елемент во гарантирањето на безбедноста и било каква деградација на нивниот статус може да предизвика сериозни безбедносни импликации во иднина, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски