ВИДЕО: Полицијата со солзавец ги растерува мигрантите

Од:

Состојбата на македонско грчката граница се влошува, полицијата употреби и солзавец за растерување на мигрантите на кои не им се дозволува да се приближат на македонска територија.

Силни полициски сили и војска се рапоредени на границата, а не се дозволува ниту влез на новинарите и снимателите со образложение дека не е безбедно, иако вистинската причина е таа што мигрантите кога ќе здогледаат новинари почнуваат да се бунтуваат поради затворената граница и се жалат за употреба на сила од страна на полицијата.

Помеѓу полицијата и мигрантите е поставена и бодликава жица во висина од еден метар.

Сепак, синоќа околу 300 мигранти успеале да влезат на македонска територија и полицијата трага по нив за да ги врати на меѓуграничната зона.

Вчера владата прогласи вонредна ситуација на јужната и северната граница поради големиот прилив на мигранти, а во обезбедување на границата се вклучи и војската.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската