ВИДЕО: Полицијата повторно покажува мускули на новинарите, полицајка спречи новинар на „А1он“ да снима

Од:

Полицајка со висок тон и на дрзок начин, без да се идентификува, упатувајќи закана, ја спречи екипата на „А1он“ да ја извршува својата работна задача. Инцидентот се случи на кејот во близина на болницата „Систина“, каде се вадеше возило кое паднало во водите на Вардар. Ваквото однесувањето на полицајката е само уште едно во низата инциденти на полицијата со новинарите во последниот период, а на кои мора да им се стави крај.

Инцидентот се случи откако полицајката неколку пати се обиде да ја спречи екипата на „А1он“ да го сними настанот, преместувајќи ја од едно на друго место, со арогантен однос, со покажување сила, без да прецизира каде е дозволено да се застане. Откако ѝ беше укажано дека нејзиниот однос ќе го снимиме и пријавиме во МВР, прашувајќи каде е дозволено да се застане, таа наместо одговор, рече: „Исклучи телефонот…“.

По ова, новинарската екипа побара од полицајката да се идентификува, а наместо легитимација, таа на арогантен начин рече: „Немој да ми кажуваш јас што да правам, кај што се другите граѓани“. И по второто инсистирање на екипата од „А1он“, за полицајката да даде легитимација за идентификување, за против неа да поднесеме пријава во Внатрешна контрола при МВР, таа дрско одговор: „Продужи!“.

Новинарската екипа ѝ укажа на полицајката дека нејзиниот однос е арогантен и безобразен, односно дека не смее така да се однесува, но и покрај тоа, таа продолжи да се обраќа на висок тон: „Продолжете“, по што повторно беше прашана каде екипата треба да застане, а таа возврати: „Не ми се инати, продолжи каде што се другите граѓани“, а по прашањето „Каде?“, таа рече „После знакот“.

Иако уште на почетокот и беше укажано на полицајката дека на новинарската екипа и треба место од каде би можела да ја работи својата задача, но и дека, не може да оди каде што се другите граѓани бидејќи не е безбедно, поради тоа што има гужва и нема простор за одржување дистанца, таа немаше разбирање.

„А1он“ бара од МВР да го открие идентитетот на полицајката, против која ќе поведеме постапка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров