ВИДЕО: Полицијата не можеше да го донесе Мухамед Зеќири на судење, била повикана брзата помош

Од:

Полицијата не можела да го спроведе Мухамед Зеќири од куќен притвор бидејќи кога службениците дошле да го земат – тој ги известил дека е болен. Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска на судењето посочи дека имала повик од командирот од Полициската станица Карпош, кој ја известил што се случувало при обидот за спровод. Рочиштето се одложува по 45 дена од првото одржано рочиште за овој предмет.

„Со оглед на тоа што имав телефонски повик од командирот на ПС Карпош, Владо Симјановски, кој ме извести дека не може да постапат по наредбата од судот за спровод на Мухамед Зеќири, кој е во куќен притвор, поради здравствени причини. И затоа е повикана брзата помош, а во зависност од проблемите, ќе биде спроведен и во клиничкиот центар“, рече Фанка Јанчулева-Михаиловска.

Судијката додаде дека ќе го прифати за веродостојно известувањето од полицијата за неможноста да се спроведе Зеќири. Таа пред адвокатите на Зеќири рече: „Инаку, ќе постапив поинаку“.

Во петокот Зеќири барал здравствен преглед во една од скопските клиники. Тој му бил дозволен од судот, а бил спроведен со полиција.

„Доставено е известување од ЈЗУ УК за психијатрија во Скопје, издаден на 27.01.2023 година. На тој преглед, обвинетиот беше упатен по претходна дозвола од судот за преглед на клиниката“, додаде судијката.

Следното рочиште е закажано за наредната недела. Тогаш ќе се испитуваат две лица. Првиот сведок е Киро Костов, вешто лице. Второто лице е сведокот Петко Димитров. По испитување на овие две лица, доказната постапка на обвинителката Катерина Коларевиќ завршува. Во судницата ќе бидат испитани и вработениот во Владата, Агим Махмути, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и директорот на „Пошта“, Јани Макрадули.

Би можело да ве интересира

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески

Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Александар Тодески

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Мухамед Зеќири ослободен од притвор и доби преквалфикација на делото поради измените во Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски

Не дојде сведок на одбраната, судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври

Судењето против Мухамед Зеќири одложено за 6 јуни

Ана Ололовска