ВИДЕО: Со шок бомби кон мигрантите, има повредени

Од:

Македонската полиција денеска фрлаше шок бомби кон неколку илјади мигранти кои се обидуваат да влезат на македонска територија.

Неколку илјади бегалци, најголем број од Сирија, но и од Африка и Азија ја поминаа ноќта на ничија земја откако Македонија вчера воведе вонредна состојба и ја затвори границата.

migrantigevgelija3

Полицијата која е во опрема за разбивање немири и стои до бодликавата жица фрли шок бомби во обид да ги потисне мигрантите и да ги спречи да влезат на македонска територија.

migrantigevgelija2

Неофицијално има повредени мигранти во турканицата преку жицата откако е интервенирано со шок бомби.

migrantigevgelija4

Повеќе од 4.000 мигранти ја блокираа вчера меѓународната пруга Солун-Скопје кај Гевгелија, а денеска според прогнозите се очекува да се зголеми бројот на мигранти кои пристигнуваат од Турција во Грција.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ