(ВИДЕО) Полицијата го донесе Зеќири на првото судење каде се гони за злоупотреби

Од:

Поранешниот генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, со полициска придружба донесен на првото рочиште за случајот каде е обвинет. Во судницата е и дел од неговото потесно семејство. Меѓу нив и сопругата на Зеќири, која не можеше да го следи судењето бидејќи е предложена за сведок. Ова е прво рочиште за Зеќири, кој е обвинет за кривично дело злоупотреба на службена положба и областување. Тој смета дека не е виновен, а неговиот адвокатски тим во низа наврати го повтори неговиот став. Зеќири во судницата го застапуваат адвокатите Мирослав Вујиќ и Александар Трајковски.

Судењето започна со барање од Вујиќ рочиштето да не биде снимано од страна на медиумите. Потоа, доцнеше и обвинителката Коларевиќ.

Освен Зеќири, во случајот осомничени беа и двајца хрватски државјани. Едниот е во екстрадициски притвор и се чека одлука за негово екстрадирање во Македонија. Другиот, се уште е во бегство.

Обвинителката Катерина Коларевиќ го застапува обвинението во Кривичниот суд. Според неа, Зеќири без јавна набавка избрал фирми на кои им исплаќал владини пари. Обвинителството тврди дека тој како ескгенерален секретар го оштетил буџетот за скоро 1,5 милиони евра, кои завршиле во приватни фирми.

„Обвинетиот како службено лице – Генерален секретар на Владата на РСМ, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги“, посочуваат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Освен Зеќири, обвинети се и хрватските државјани, дел од фирмата која обавувала консултантски услуги без да бидат избрани на тендер.

„Имено, на 04.05.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани, недостапни на органите на прогон, склучил договор за консултантски услуги со правно лице на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот. По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта на Северна Македонија Скопје со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност. Во критичниот период, во повеќе наврати од сметката на Владата на РСМ се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100,00 денари, што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18% ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ“, кажаа од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески

Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Александар Тодески

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Мухамед Зеќири ослободен од притвор и доби преквалфикација на делото поради измените во Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски

Не дојде сведок на одбраната, судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври

Судењето против Мухамед Зеќири одложено за 6 јуни

Ана Ололовска