ВИДЕО: Полиција ги опкружува местата каде што престојува Мијалков, од него ни трага ни глас

Од:

Две полициски возила се пред зградата каде што живееше поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков во скопската населба Капиштец. Инаку сега, неговото живеалиште е на Водно, каде што исто е видливо полициско присуство. Полицијата е стационирана кај хотелот „Панорама“, односно пред слепата уличка која води кон живеалиштето на Мијалков.

Нему треба да му биде доставено решение за куќен притвор издадено од Кривичниот суд, а на барање на обвинителството. Полицијата повеќе од три часа не може да го најде Мијалков, за да му го достави решението. Неофицијално, наредбата доаѓа за да се обезбеди присуство на Мијалков за пресудата за случајот „Таргет Тврдина“ закажана за 26 февруари, во петок, каде што тој е првообвинет.

Шпекулациите кои се шират во јавноста се дека тој е во бегство, но засега ниту една надлежна институција не може да ги потврди овие информации.

Пред хотелот „Мериот“ во Скопје не е видливо полициско присуство.

Хотелот „Мериот“ тој го пријави како адреса за извршување на мерката куќен притвор, но во меѓувреме му се изгуби трагата на првообвинетиот во „Таргет-Тврдина“.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Јавното обвинителство не се согласило со условен отпуст за Сашо Мијалков

ВИДЕО: Целото видео на Сашо Мијалков со џет сетот во хотел во Монако

А1он

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник