ВИДЕО: Покриви од згради излетаа на Партизанска по силниот ветер

Од:

Покриви во згради завршија на булеварот Паризански одреди, во Карпош 4, кај трговскиот центар Антико. Ова доаѓа по силните ветрови кои го зафатија Скопје, а кои траеја подолг временски период.

Прво паднал еден покрив, а по кратко време, од соседните згради излетале и други два покриви.

Во моментот кога покривите излетале од силниот ветер, на улицата имало вработени во Комунална хигиена, кои навремено се повлекоа и не беа повредени.

Булеварот е целосно блокиран, а екипите кои започнаа да ги отстрануваат покривите се откажаа и повлекоа.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници