ВИДЕО: Погребна поворка за белите дробови

Од:

Зајакнување на стандардите за емисии од индустријата, воведување ригорозни мерки за заштита од прашината произведена од градилиштата, намалување на сообраќајот со моторни возила, но и зголемување на зеленилото преку засадување нови садници. Ова се конкретни препораки кои треба да се преземат за намалување на загадувањето, порачаа од невладината „Еко свест“ и здружените орагнизации на денешниот Светски ден на животната средина.

Организацијата преку уметничка симулација на посмртна поворка на бели дробови, алармира за сериозните здравствени ефекти од аерозагадувањето, велејќи дека следењето на состојбата со загадениот воздух е на незавидно ниво.

– Потребно е да се направат усогласувања со оперативниот план на неколку индустриски капацитети, кои за дел од нив беа продолжени роковите за добивање на еколошки дозволи.

Изворите на загадувањето се многубројни и не може да се обвини еден единствен загадувач, но како главни извори на загадувањето се моторните возила, индустриските капацитети, градилиштата, палењето на материјали несоодветни за горење како пластика и автомобилски гуми и термоцентралите што работат на јаглен. Сите тие придонесуваат за испуштање на прашина помала од 10 микрометри, која е најголем загадувач на нашите бели дробови, со што се случуваат големи заболувања. Граѓаните на Македонија се постојано жртви на загадениот воздух – изјави Невена Смилевска, програмски менаџер во „Еко свест“.

Со акцијата Еко-свест сака да алармира дека ефектите по здравјето на луѓето се огромни и заслужуваат внимание од институциите.

Уметничката инсталација во форма на бели дробови, која се користи во рамките на „турнејата на белите дробови“, е дело на холандскиот уметник Артур ван Бален.

Според студијата на Институтот за јавно здравје од 2012 – та година, во Македонија секоја година умираат 1.350 луѓе од последиците од загадениот воздух.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он