Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

Од:

Шефот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Штефен Худолин на денешниот брифинг појасни дека Зелениот договор не се однесува само на животната средина, туку дека тој треба да биде применет во секоја област.

Осврнувајќи се на примената на Зелениот договор во земјите од Западен Балкан, тој посочи дека во зелената агенда за овие земји се поставени декарбонизација – климатска акција, чиста енергија и паметен транспорт, циркуларна економија – одржливо производство и потрошувачка, природен капитал – заштита и рестраврација на екосистемите, одзагадување – воздух, вода, следење на почвата и превенција и одржлив систем за храна и руралните средини – модерна агрокултура и квалитет на храна.

Тој нагласи дека главната цел на Зелениот договор е Европа до 2050 година да стане климатски неутрален континент.

Худолин, наведувајќи дека во земјава започнува кампања за Зелениот договор, нагласи дека покрај амбициозната цел Европа да стане неутрална до 2050 години, напоредно ќе работат и на растот на Европската Унија, просперитетот на граѓаните и економски напредок.

Тој објасни дека целта на кампањата е жителите на земјава да бидат информирани за тоа што подразбира Зелениот договор, како и кои се нивните придобивки од него.

Худолин истакна дека Зелениот договор не е проект за животната средина, туку е нешто што треба да биде имплементирано во сите сфери.

– Важноста на Зелениот договор е тоа што сите активности, се што ние правиме во Европската Унија, исто така и надвор од Европската Унија и во земјите од Западен Балкан, мора да биде покриено со Зелениот договор. Што значи дека треба да ги редуцираме емисиите, но истовремено и да работиме на економските цели. Не можеме да ги запоставиме економските активности и само да се фокусираме на зелениот развој. Нашата цел е сега да ја пренесеме оваа порака во сите европски земји, потенцираше Худолин.

Тој посочи дека тие цели сите треба да ги имаат на ум.

– Сакаме просперитет, сакаме да растеме економски, а во исто време сакаме и да бидеме климатски неутрален континент до 2050 година, истакна Худолин.

Во однос на имплементацијата на Зелениот договор, Худолин посочи дека сите земји имаат различно ниво на имплементација и дека за тој договор не можат да се поставуваат рокови за исполнување, ниту пак да се одреди конкретна сума која ќе биде потребна за негово спроведување.

Тој повикувајќи се на Извештајот од ЕК рече дека земјава ја следи Софиската декларација која ја ветија лидерите на земјите од Западен Балкан.

– Северна Македонија е дел од Европа и дел од нашето семејство за остварување на овие цели. Сите сектори, апсолутно во сите сектори треба да се спроведе зелената агенда, потенцираше Худолин.

Тој нагласи дека на Зелениот договор треба да се работи сплотено и во сите сфери.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески