(ВИДЕО) Погледнете како требаше да се „шамара“ Жерновски

Од:

Тоа што се зборува во разговорот за кој од СДСМ посочија дека е помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески, така истото се случуваше во 2013 година пред општина Центар. Од видеото на А1он се гледа дека се собраа околу 2000 луѓе, таканаречени верници, се обидоа да влезат внатре, Жерновски беше повикуван да се појави пред таканаречените “верници“ за да може да јаде “пет-шест шамари откако не успеаа тие да влезат внатре, а за седницата како што беше кажано и во објавениот разговор-беше побарано да се одложи, но предлогот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ не беше прифатен.

Пцуење, навреди, туркање, плукање, тепање, закани за ликвидации, кршење. Така беше злоупотребена религијата за партиски цели во 2013 година, за да се спречи донесувањето на ДУП за Центар.

За бранителите на цркватата кои ги бараа своите права во општина Центар беше уште тогаш кажано дека се од општински организации на ВМРО-ДПМНЕ, повеќето од Драчево и Бутел, а координирани цело време од советник на ВМРО-ДПМНЕ во Центар. Тие добиваа информации и инструкции кога да напаѓаат, а кога да се повлечат. Добиваа инструкции и да не бидат снимани и да не даваат изјави за да не се открие она што на сите им беше уште тогаш јасно.

МВР тогаш, како и што е во објавениот разговор кажано, соопшти дека не може да ги спречи граѓаните да го искажат своето незадоволство, исто како што било и порано со други граѓани кои се бунтувале против политиката на екс составот на Советот на Центар.

МВР веќе две години не покренува постaпка за учесниците во кршењето на имотот на Центар, иако се познати за целата јавност.

Screenshot_1111

Screenshot_52

zelena-11

zelena-21

perverzija2

Би можело да ве интересира

Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници

Предраг Петровиќ

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште