ВИДЕО: Под вода рудниците за јаглен во РЕК Битола

Од:

Обилните врнежи од дожд во битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во Рудникот Суводол на РЕК Битола. Ископот и транспортот на јаглен во моментов се во прекин и се вложуваат натчовечки напори за санирање на состојбите.

„На терен e и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски заедно со директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, како и комплетното раководство на комбинатот и стручните служби на РЕК Битола. Според вработени, ваква елементарна непогода, со интензивни и обилни врнежи од дожд, во Рудникот Суводол не е забележана во последните 20 години“, велат од РЕК Битола.

За состојбите во Рудникот Суводол на РЕК Битола известена е Владата, како и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Армијата преку Министерството за одбрана.

„И покрај елементарната непогода со која се соочува РЕК Битола, континуираното производство на електрична енергија од комбинатот засега не е е доведено во прашање и истото продолжува согласно планот и потребите на електроенергетскиот систем“, велат од РЕК Битола.

Слична е состојбата и во Рудникот Брод Гнеотино каде во моментов се копа кровна јаловина. Се преземаат напори и таму да се санираат штетите за да се подготви рудникот за дисконтинуиран ископ на јаглен на почетокот на септември, со цел да се добијат потребните колични за грејната сезона 2020/2021 година.

Ова е трета поплава на Рудникот Суводол во РЕК Битола во рок од два месеци. Во сите активности што се преземаат за санација на последиците од обилните дождови, приоритет останува безбедноста на вработените, а потоа и опремата.

Би можело да ве интересира

Замрзнат имот во Србија на бизнисменот Борче Марковски осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

Мексико: Поплавите уништија 100.000 домови, десетици се мртви, постои страв од уште една катастрофа

Битолското обвинителство вложи жалба за одлуката за домашен притвор за двајцата осомничени за јавни набавки во РЕК „Битола“

Предраг Петровиќ

Судот одлучи: Нема затворски притвор за осомничените за местење тендер од 1,6 милиони евра во РЕК Битола

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС со нивната омилена компанија Марковски излезе на површина

Обвинителство: Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола, кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби

Горан Наумовски