(ВИДЕО) Почна „Охридско лето“: Пендаровски, Кејт Брнз, Јовески, Стефоска дел од гостите на Антички театар

Од:

Гости од дома и странство го исполнија Антички театар, на отворањето на „Охридско лето“. Меѓу присутните се шефот на државата, Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска, министерката за култура, Ирена Стефоска, министерот за животна средина Насер Нуредини, охридскиот градоначалник Константин Георгиески, републичкиот јавен обвинител Љубомор Јовески, министерот за здравство Венко Филипче, американската амбасадорка Кејт Брнз, поранешниот директор на технолошко индустриски развојни зони, Виктор Мизо и бројни амбасадори.

Годинава, фестивалот свечено ќе биде отворен со гала балетскиот концерт „Големиот Чајковски“ во изведба на уметниците од Националната опера и Балет.

„Гoлемиот Чајковски“ е сочинет од најубавите дела на рускиот композотор, со изведби на делови на балетската трилогија „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“, и извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“.

Повеќе од 90 балетски првенци, солисти, ансамблот и оркестарот на Националната опера и балет, предводени од диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, што се носители на проектот веќе ги одржаа генералните проби на Античкиот театар.

Би можело да ве интересира

Музички времеплов со српски уметници на „Охридско лето“

ВИДЕО: Уметноста нѐ охрабрува да не се помируваме со злоупотребите, рече Пендаровски на „Охридско лето“

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Стефоска со повик за спас на Охридскиот регион: Тапијата е во наши раце само на чување, а Охрид не е забавен парк

Кристијан Ландов

Со изведба на одбрани арии отворено јубилејното 60. „Охридско лето“

А1он

Физичка пресметка меѓу Коцев и Бакрачески: Градоначалникот негира, актерот молчи

Наум Локоски

Маестро Максим Венгеров и уметниците од камерниот оркестар „Мењухин“ вечерва на „Охридско лето“

Предраг Петровиќ