ВИДЕО: Почна реконструкција на булеварот „Александар Македонски“ на источниот влез во Скопје

Од:

Град Скопје почна реконструкција на булеварот „Александар Македонски“ во општина Гази Баба во делот на источниот влез во главниот град, откако минатата година беше реконструиран и западниот. Должината е 5,3 километри – од клучката кај Хиподром до крстосницата кај Скопски саем во Автокоманда.

-Ова е еден извонреден потег, поголем од пет километри. Ги замолувам граѓаните да имаат трпение, ќе работиме деноноќно со цел источниот влез да го оспособиме што е можно побрзо и да се префрлиме на излезот од Скопје, од другата страна, за да се избегнат гужвите. Куриозитет овде е што првпат Град Скопје ќе изврши експроријација на земјиште за да изградиме велосипедска патека што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните од Синѓелиќ и Маџари со остатокот од градот. На овој потег не е работено 40-ина години, во добар дел булеварот е во очајна состојба, изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Додаде дека во главниот град е во тек градежна офазнива, се работи на 23 улици и зимата, како што рече, ќе ја пречекаме со обновена речиси цела инфраструктура на која се работеше лани и годинава.

Градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски посочи дека се работи за капитален проект, очекува да заврши од 40 до 60 дена и апелираше до сите учесници во сообраќајот дека може да ги користат и алтерантивните влезови од источната страна на Скопје, како обиколницата и улицата „Благоја Стефковски“ за сообраќајниот метеж да се намали за време на реконструкцијата.

-Ова е ќе биде пример како може по 40 години да се направи добра реконструкција, а не со крпење и закрпување како во изминатиот период и решение за влезот од исток еднаш да биде ставено во целосна функција, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски