ВИДЕО: Почна полицискиот час во целата држава

Од:

Пред половина час во почна полицискиот час во државата, со кој не е дозволено движење од 21 до 6 часот.

На улиците има голем број полициски возила, и патролирираат бројни полициски екипи, а со нив е и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

На неколку минути пред 21 часот, по улиците можеа да се забележат возила, а дел беа запирани од полицијата и им беше укажувано дека движењето е забрането, освен во условите кои вчера ги соопшти Владата.

На терен е и премиерот Оливер Спасовски кој рече дека ќе ја следи состојбата и дека станува збор за вонредна ситуација, која го менува животот на сите граѓани, па оттаму и сите треба вонредно да се однесуваат. Полицискиот час не се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, лицата кои се во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа. Тие ќе може да бидат придружувани исклучиво од најмногу две лица. Ако поради итноста на здравствената состојба возилото биде запрено од полициска придружба, дополнително ќе се евидентира и провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравствната инстуиција преку приложување на медицинската документација по завршување на медицинскиот преглед.

За време на полицискиот час ќе се ограничи и бројот на дежурни аптеки во градовите. Во аптека ќе може да одат само лица кои имаат потврда дека претходно биле на лекарски преглед. Ќе се ограничи и бројот на такси возила. Тие ќе може да превезуваат патници само кон болнички установи или аптеки. Таксистите притоа, ќе мора да имаат заштитна опрема – маска и ракавици.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on