(ВИДЕО) По ироничната песна за Македонија: Бугарски рапер добил над сто смртни закани

Од:

Бугарскиот рапер Иван Динев – Устата сподели со своите следбеници на социјалните мрежи дека добил над 100 смртни закани по објавувањето на песната чија порака била насочена кон Северна Македонија.

„Здраво, како постапувате кога ќе добиете смртна закана и што правите ако ги има повеќе од 100? Прашувам за пријател“, напиша раперот во објавата на Фејсбук.

Следбениците на Устата претпоставуваа дека смртните закани се поради текстот на песната што тој ја претстави пред три дена на својот личен профил и ја нарече „Лекција за Македонија“.

„Лично и категорично, почнува устата тука рими да реди. Слушајте внимателно мили соседи, првата лекција по македонска историја – тоа не е држава туку територија. Малечка провинција со големи амбиции која пораснала со бугарски традиции. Со бугарски корени се сите дрва до 1945 година. Македонскиот јазик е дијалект на бугарскот“, се дел од навредливите стихови на бугарскиот рапер.

Би можело да ве интересира

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра