По синоќешната акција на полицијата и апсењата на дел од паркобраните реагираше невладината „Плоштад слобода“ која чинот на власта го окаркетеризира како вандалски и спротивен на демократските принципи.
Според нив веќе не станувало збор за парк и урбано зеленило туку за узурпирање на слободата на говорот и уништување на сите оние кои имаат критички став и не се согласуваат со идеите на оваа власт за барокно пресоблекување на главниот град.
„Дали седењето на клупа и грицкањето сончоглед преставува нарушување на јавниот ред и мир. Дали навистина беа потребени 400 специјалци, десет борбени возила а ние бевме само 11 луѓе. Колку чини оваа акција на полицијата и дали навистина толку полицацји секогаш интервенираат кога да речеме е нарушен јавниот ред и мир“, изјавија преставниците на „Плоштад Слобода“.
На паркобраните во полиција им соопштиле дека се се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир,и дека мораат да останат во станица оти на полицајците така им било наредено. „Плоштад слобода“ најави дека за случајот ќе биде запознаен и дипломатскиот кор во земјава.
Бојан Стојановски