Шилегов на здружението на својот шеф на кабинет му додели 180 илјади денари

Од:

Здружението „Плоштад слобода“, чиј основач е Никола Наумоски, сегашниот шеф на кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, доби 180 илјади денари од градот за младински проект. Нема кој да оцени дали има конфликт на интереси оти нема антикорупциска комисија. Од Град Скопје се правдаат дека одобрените пари минале низ шест стручни комисии, кои не виделе ништо спорно, но Наумоски сè уште фигурира како основач на „Плоштад слобода“, со што се прослави во борбата против проектот „Скопје 2014“.

„Никола Наумоски повеќе години не е дел и нема раководна позиција во посоченото здружение, па оттука не постои никаква законска пречка или конфликт на интереси“, изјавија од Град Скопје за „Макфакс“.

Никола Наумоски во Централниот регистар стои како основач на „Плоштад слобода“. Тој до 2017 година бил и директор на здружението кога се изземал од функцијата. На крајот од таа година Никола Наумоски стана шеф на кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов. Во истиот период замре и борбата на „Плоштад слобода“ против уништувањето на градот, а скопјани и јавно го повикуваа Наумоски да даде отчет за молкот.

Здружението „Плоштад слобода“ се изборило за пари во конкуренција од 411 комплетни проекти што пристигнале во Градот, од кои 180 биле одбиени.

За овој конкурс, Градот издвои 16 милиони денари, а оваа година акцент стави на поддршката на младински и на студентски проекти. Стручната комисија детаљно ги разгледала сите пристигнати проекти и предлози и ги оценила во согласност со табелите за бодирање, па така биле избрани најдобрите предлози.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот