ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Од:

Турнати знаци, градежни машини и работници на патот без никакво предупредување петти месец ги вадат од памет возачите на Плетвар. Обновата на коловозот во должина од 19 километри која почна во јуни, според Јавното претпријатие за државни патишта, треба да заврши до крајот на октомври, а хаосот велат дека го создавале несовесни возачи.

„Eвидентирани се доста такви ситуации коишто најчесто се случуваат поради неприлагодената брзина на возилата при што се уништува и турка најголемиот дел од сигнализацијата. Имено, согласно со издадениот времен режим на сообраќај, дозволена брзина на движење на овој пат е 40км/час. Станува збор за многу фреквентен пат и затоа ја користиме оваа можност да ги замолиме учесниците во сообраќајот за трпение поради тоа што работите се на самиот крај. Градежните работи за рехабилитацијата на регионалниот пат Фариш – Прилеп во должина од 19 километри ќе завршат до крајот на октомври“, велат од Јавното претпријатие за „А1он“.

Сообраќајот во двете насоки се одвива на две ленти од една страна од коловозот, додека на другата, по целата должина, се вршат градежни работи, има паркирани градежни машини и работници на кои возачите наидуваат без никакво предупредување дека се работи токму на тој дел од патот. Колони возила има секојдневно, а возачите се жалат дека некогаш им треба и по неколку часови за да го минат планинскиот превој.

Градежните работи ги изведуваат компаниите „ЈВ Стентон градба“ и „Грин лајн“. За обновата на асфалтот на планинскиот превој се одвоени 4,07 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Магла на патниот правец Градско – Плетвар

СДСМ: Трајановски да не штити никого, скандалите во ЈПДП треба да ги истражи Јавното обвинителството

(ВИДЕО) Илиевски: Нов скандал во ЈПДП, пропуштени 40 возила без да платат патарина

Се запали возило во близина на Плетвар, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

ЈПДП ќе испитува дали Митревски ја злоупотребил службената положба

29-годишен Прилепчанец загина во сообраќајна несреќа на Плетвар

A1on