(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Од:

Љупчо Дон Николовски овозможил Арекспорт од Струмица, да го оштети буџетот за над половина милион евра. Љупчо Николовски е министер во МЗШВ кој ги потпишал договорите за закуп на земјоделско земјиште на Арекспорт, но и министер кога фирмата во две последователни години не ја плаќала закупнината, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ .

-Љупчо Николовски можел да го раскине договорот, но тоа не го сторил. Љупчо Николовски не може да се вади на службите и вработените во МЗШВ, затоа што покрај другите услови фирмата Арекспорт се обврзала дека ќе инвестира 2 милиони и 450 илјади евра на закупеното земјиште, а не инвестирала ниту 300.000 евра. Дополнително станува збор за 1.416 хектари земја, а не за 100 или 1000м2, како Љупчо Николовски не можел да каже дека не знаел или не пристигнала информација до него.

Во ред е Љупчо Николовски да не знае за некој договор или сметка што ја потпишал од 1.000, 10.000 или дури и 100.000 денари, но да не знае за договор за закуп на над 1400 хектари кој не се извршува согласно закон, за кој не се плаќа закупнина и земја на која незаконски се земале половина милион евра субвенции нема никој да поверува. Љупчо Николовски треба да одговори, зошто никој не ги исконтролирал дали Арекспорт ги инвестирала ветените над 2.4 милиони евра? Наместо да се крие зад службеници во министерството да понесе одговорност – вели Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: СДСМ не знае што сака, еднаш вели добро е линеарно покачување, другпат пензиите треба да се покачуваат процентуално

Петрушевски до Битиќи: Меѓуетничкиот соживот се гради со дела, а не со националистички и шовинистички говори

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски не е релевантен да говори за тема корупција, тој е корупцијата во земјоделството

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски