(ВИДЕО) Петрушевски: Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал

Од:

Правдата го добива своето место. По година и пол бегство, денеска на граничниот премин Блаце уапсен е Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер во владата на СДС и ДУИ. Артан Груби кој важи за олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДС и ДУИ, конечно ќе се соочи со правдата, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– За потсетување на јавноста, криминалот на бегалецот од правдата, Груби достигна вредност од минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а има индиции дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, пари украдени од граѓаните. Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија освен што местеле милионски тендери, е исплаќање на аванси на деловни соработници.

За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДС, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник. Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше. Сега е време на одговорност. Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе продолжи и секој кој се огрешил пред законот, порано или подоцна ќе се соочи со правдата, изјави Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Слугата на официјална Софија – Филипче, се фаќа за сламката Бугари во Устав

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: ОЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

(ВИДЕО) Петрушевски: Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Петрушевски: Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот