(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

Од:

СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче. Свесни за тоа што се може да сведочи Груби, во страв и паника го бранат криминалот на првиот вицепремиер на владата на СДС и ДУИ, па дури и се спремни да се жртвуваат за него, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Имено, потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска истакна дека одлуката на тогашната влада, за која меѓудругото се сомничи за криминал Артан Груби, била колективна, и според неа не било фер само Груби да добие кривична, туку требало да добијат и другите министри кои присуствувале на седницата, односно цела тогашна влада.

Дали дел од функционерите на СДС се спремни да се жртвуваат за овој криминал, само за Груби да не сведочи и за други криминали? Толку ли многу знае Груби што стравот и паниката во СДС се огромни? Зошто СДС со години молчеше, а со тоа и го одобруваше криминалот на Груби? Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан? СДС беше спремна на се, само за да бидат ден повеќе на власт. Соработуваа, местеа и молчеа за голем број на криминали и тоа ги доведе до околу 130.000 гласови. Истрагата мора да оди до крај. Одговорност за криминалот направен од СДС и ДУИ мора да има, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Слугата на официјална Софија – Филипче, се фаќа за сламката Бугари во Устав

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: ОЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

(ВИДЕО) Петрушевски: Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Петрушевски: Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот