(ВИДЕО) Петровска: Започнува процесот на попишување, секој граѓанин да придонесе за подобра иднина преку учество во пописот

Од:

„Денеска започнува попишувањето на одделни категории на лица онака како што е предвидено во методологијата.

По скоро 19 години, државата спроведува попис согласно сите меѓународни стандарди и пракси на Евростат и Обединетите Нации.

Од денеска ќе се попишуваат лицата кои за време на пописот се наоѓаат во странство, во служба на Армијата, во казнено- поправни и воспитно-поправни установи, лицата кои се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на нашата земја и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив, како и бездомните лица“, рече Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

„Истовремено, од денеска па до 21 април ќе се спроведе и самопопишување на дијаспората кое ќе се одвива електронски, преку веб страницата на Државниот завод за статистика.

Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со која ќе се обезбедат податоци кои ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики кои обезбедуваат економски раст и развој, искоренување на сиромаштијата, зголемување на еднаквоста меѓу граѓаните, рамномерен регионален раст и поголема заштита на животната средина.

Веќе се усвоени и здравствените протоколи што значи дека процесот на попишување ќе се спроведе со максимална заштита на здравјето на граѓаните и на попишувачите.

Законот за попис и методологијата за негово спроведување се во согласност сите меѓународни стандарди кои се практикуваат низ целиот свет и тоа е потврдено и од Евростат.

Паѓаат во вода обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Законот бил лош и неевропски, дека методологијата не била соодветна и слично.

Собирањето на потписи за наводно одложување на пописот е само лош и неумесен партиски маркетинг.

Апелираме, граѓаните да не подлегнуваат под лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и активно да се вклучат во пописот.

Со учеството во пописот секој граѓанин ќе даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас.

Тоа е наша обврска кон државата, но и кон нас самите и кон нашата иднина“, изјави Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Пропадна уште една гнасна лага на ВМРО-ДПМНЕ, нема никава поврзаност на семејството Заеви со акцијата за заплена на дрога

СДСМ: Пропадна уште еден обид на Мицкоски за одбрана на криминалот

Костовски: Мицкоски се обиде да саботира полициска акција за да одбрани криминал

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е симбол за фалсификувани патни исправи, Мицкоски не отстапува одбрана на криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Заеви станаа и нарко картел, да одговорат дали е нивно комбето фатено со дрога од 800 илјади евра

(ВИДЕО) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е симбол за скандали со патни исправи, Мицкоски останува на браникот на криминалот

Ана Ололовска