(ВИДЕО) Петровска негира поврзаност со гасоводот на Водно: Јани Макрадули го водеше тој проект

Од:

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Ана Петровска денеска повторно негираше дека ставила потпис на решение за мали хидроелектрани, со кое обвинување се нарушува нејзиниот имиџ на заштитник на околината и животната средина. Дополнително Петровска кажа и дека нема никаква врска со проектот за гасоводот на Водно, додека беше државен секретар.

„Вчера беше покажано едно пропратно писмо кое што државен секретар по службена дожност го испраќа до Влада, односно со информација на Влада. Значи јас не сум ставила потпис на ниту еден документ со кој што е дадена дозвола или било какво решение за изградба на мали хидроелектрани.

Што се однесува до гасовод, јас немам никаква допирна точка со гасоводот. Тој проект го водеше, во тој период додека јас бев државен секретар, господинот Јани Макрадули“, изјави кандидатката за градоначалник Ана Петровска.

Дел од медиумите објавија дека дека Ана Петровска е наведена како прв соработник и „експерт за оцена на влијанието на проектите врз животната средина“ на студијата за гасоводот „Скопје – Гостивар – Кичево“ што поминува низ Водно.

-Нарачател на студијата е Министерството за транспорт и врски, кога министер беше Миле Јанакиески, додека изработувач е „Технолаб“ од Скопје. Како потписници се наброени повеќе експерти од полето на заштита на животната средина.

Токму оваа студија зелените активисти ја прогласија за спорна, зашто не го обработила детално влијанието на трасата низ заштитената Парк-шума Водно, се наведува во објавата.

Екологистите бараа алтернативна траса за гасоводот во 2018 година односно да не поминува во делот на заштитеното подрачје Парк-шума Водно.

Би можело да ве интересира

Шилегов: Скопје е жртва на ГУП од 2012 на ВМРО-ДПМНЕ, да не дозволиме да го носат и во 2022

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шилегов: Почна асфалтирањето на булеварот Киро Глигоров во Гази Баба

Ана Ололовска

Мургашанска: Учениците до скоро следеа настава во училници под вода, а не се во функција поради опасност од струен удар

Ана Ололовска

Шмид: Очекувам земјата да ги спроведе сите препораки од ОДИХР за изборите

Ана Ололовска

СДСМ Скопје: Арсовска продолжува да тоне во лаги и манипулации за ветениот бесплатен превоз со електрични автобуси

Ана Ололовска

Висок функционер на ЛДП и директор на Универзална сала со поддршка за Шилегов

Ана Ололовска