(ВИДЕО) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта, издадена една недела по 27 април

Од:

Славјанка Петровска од СДСМ на прес-конференција кажа дека Данела Арсовска освен бугарско државјанство, поседува и бугарска лична карта.

„Од вистината нема бегање. Веќе објавивме дека во 2011 година Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“.

Денеска пред јавноста објавуваме уште еден документ. Ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти.

Бугарско државјанство, бугарска лична карта на Арсовска. Со номер, со дата на раждане, потпис, со адреса во градот Петрич која патем се уште е важечка“, рече Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

„Оваа лична карта на Арсовска е издадена на петти мај 2017 година. Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието.

Г-ѓа Арсовска, со каква намера и цел, ја подигнавте бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта.

Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија, а притоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема.

Ништо не може да го сокрие фактот дека таа освен што е конзул на Унгарија, освен што е потврдена инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта.

Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје.

Не проаѓа во Скопје странска инсталација која работи против интересите на граѓаните.

Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет. Во недела на 31 октомври да се обединиме и да не дозволиме странски инсталации поврзани со минатото, да добијат можност да го уништуваат Скопје”, изјави Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК