„Поради неспособноста, неодговорното и недомаќинско работење на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, Град Скопје е со блокирана сметка и е пред банкрот. За само една и пол година од плус од 13 милиони евра и годишен буџет од околу 100 милиони евра, денес Скопје предводено од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ тоне во долгови“, вели Петар Петковски од СДММ.
„При тоа, за овој временски период не е реализиран ниту еден капитален проект, а не се довршени ниту проектите што беа наследени.
Оттаму, логично се поставува прашањето каде завршиле стотици милиони евра пари на граѓаните?
Колку Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни, говори и рекордно ниската наплата на данок на имот од само 25 отсто.
Арсовска со години управуваше со спортската сала „Расадник“ за на крајот да ја остави во долгови, во целосно руинирана состојба.
Година и половина од доаѓањето на функцијата што ја извршува, истото го прави и со Град Скопје.
Нема нови проекти, нема решенија, но затоа има милионски долгови, јавен превоз во колапс, нефункционални градски претпријатија и катастрофално лоши услуги за граѓаните.
Толку од менаџерските способности на Арсовска, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски.
СДСМ в понеделник ќе побара седница на Советот на Град Скопје со единствена точка на дневен ред – актуелната финансиска состојба во Градот“, изјави Петар Петковски од СДММ.