(ВИДЕО) Петкоска: Централната власт веднаш да преземе мерки за запирање на дивеењето на урбаната мафија во Охрид

Од:

Повеќе од недела дена нема никаква реакција од страна на властите за бесправното узурпирање на брегот на Охридското Езеро, се обрати Лидија Петкоска, советник во Советот на Општина Охрид, на денешната прес-конференција.

„Без дозвола се гради бетонска база на самиот брег на езерото. Ваквото бесправно градење и непочитување на законите од страна на локалните моќници е возможно само во вистински режим, како овој на Зоран Заев и криминалната влада која ја предводи.

Охрид ризикува да го изгуби статусот на град заштитен од страна на УНЕСКО поради самоволието на локалните моќници. Локалната власт која е во директна спрега со Усеини е на пат да го сруши угледот на Охрид во светот.

Бетонската база е опасност како за статусот на Охрид како град под заштита на УНЕСКО, така и по Охридското Езеро, кое е природно богатство на Република Македонија.

Ја повикуваме централната власт веднаш да превземе мерки за запирање на ова дивеење среде Охрид, и доколку во најкус можен рок ништо не се превземе, штетите ќе бидат преголеми и ненадоместливи. Законот е јасен и дециден. Дивеењето на урбаната мафија мора да запре.

Мора да бидат превземени мерки согласно закон. Секој оној кој сега спротивно на закон го овозможува хаосот и градењето без дозвола ќе биде санкциониран кога ќе се врати владеењето на правото во Република Македонија.“, објасни Петкоска во обраќањето.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски