Има разлика! Разликата е помеѓу нас овде, кои протестираме за да ја вратиме правдата и оние што протестираат за да ги сокријат сопствените криминали, повикувајќи се на крстови, на орли и на лавови и какви се не измислици, беше речено на денешниот протест пред Уставен суд, додека истовремено Светскиот македонски конгрес протестираше пред МВР.
– Разликата е во тоа што ние се бориме за враќање на правдата, за доистонство на нашите родители, сестри и браќа, нашите сограѓани скапаа во мизерија, додека тие ја искрадоа државата. Ние живееме во држава во која царот Николај и неговите послушници ни кажуваат што е вистина, што треба да знаеме и кои сме и насилно ни ја наметнува од фабриката за стиропори. Ние живееме во држава во која овој суд наместо контролор на власта е послушник на власта.
Имаме нелигитмино собрание, нелегитимно мнозинство и нелегитимен суд. Во овој Уставен суд, седи Елена Гошева и не негова претседателка, која кутрата едвај успеала да дипломира со 6 и затоа и требале 9 години. Тоа е држава во која тоталитарната чизма гази се, а имаме послушници и безрбетници во највисокиот правосуден орган на оваа држава, рече активистот Славчо Димитров.
На протестот пред Уставен суд, денеска се приклучија и граѓани од разни здруженија кои со години ја бараат правдата
– Во името на здружението Но пасаран ги повикуваме да судат праведно судовите кои им служат на властите наместо на граѓаните, го повикувам час поскор и Уставниот суд и оваа власт да си заминат. Уа лопови!, рече граѓанка од здружението на граѓани изклучени од парно греење.
На протестот беше прочитана и песната за царот Николај
O пресветол Николај,
Ти мислиш дека јас мора да сум луд, штом несакам да ти бидам “ дворски шут“
И дека мора да сум “странска служба“, ако несакам со тебе дружба.
А јас само сакам да се шетам по плоштад, без страв дека ке ме стасаса “вечен лад“.
О пресветол Николај,
Ти мислиш дека сум “мрачна сила“, и дека чудно “намуртена“ сум била,
И ако несакам да се фатам во оро со тебе, дека ѓавол е тој што треба да ме земе.,
А јас само сакам да се шетам по плоштад, без да ме мачи сиромаштија и глад.
О пресветол Николај,
Ти мислиш дека оградата ке те спаси, и дека со спин бунтот се гаси
И дека мора да сум опција лева, штом таму нешто дигам џева
А јас го сакам светот цел, оти сум и јас од него дел.
О пресветол Николај,
Ти си направил мапа како да си ја спасиш кожичката ти скапа,
И дека мајмунот што не гледа, зборува и слуша, за тебе ке пролее крв до гуша
А старецот не ја сакаше пензијата ваша, туку ја сакаше – правдата наша!
О пресветол Николај,
Ти мислеше дека ако му наполниш со јаловица уста, ке завладее молк низ Мариовската ледина пуста.
Но денес, тука, еве не нас, еден, петмина, пеесет и пет, петстотини пеесет и пет, пет илјади и пет ; и сите сме негов глас, сите еден до еден, во ред.
( Сите! Како во мај! – Како во мај и ке бидеме тука до – крај!!! )
О пресветол Николај,
“Твојата борба“, “твојот патриотизам“, таа твоја чесна лика;
на народот, се појасно му се слуша – дека тоа всушност – некое маченце “рика“!
Оти ти направи, десет години – БАУК, БАУК!!! – И од еднаш: Мјаук, Мјаук!
О пресветол Николај,
Ти си крадел и пак сакаш да крадеш од НАРОДНИОТ ГЛАС,
А да се спасиш од АПС!
Сакаш да брцнеш во ИЗБОРНИТЕ КУТИИ, а потоа да те ослободат ТВОИТЕ СУДИИ!!!
О пресветол Николај,
Огледало ти носам сега, оти од ликот твој и одразот бега
И го користам мојот дар, да кажам нешто за голиот цар.
А пред овој народ збран јас ти викам : Но пасаран! НО пасаран!!! НО ПАСАРАН!!