(ВИДЕО) Перински: Одлуката на владата на Заев да се забранат референдумите низ општините по прашањето за населување мигранти е тоталитаристичка

Од:

„Демократијата за Сoцијалдемократскиот сојуз е мисловна именка. Луѓето кои ја водеа најцрната пропаганда видена досега за наводен недостиг на демократија кај ВМРО-ДПМНЕ деновиве го ускратуваат едно од основните човекови права, а тоа е правото на глас на граѓаните!

Одлуката на владата предводена од Заев, да се забранат референдумите низ општините по прашањето за населување мигранти, е авторитарна, тоталитаристичка и се коси со демократските принципи на модерното општество.

Со грубото прекршување на Уставот, СДС брутално им ги ускратува основните човекови права на граѓаните. Грубо ја крши точка 3 од членот 21 од универзалната декларација за човекови права во која, меѓу другото, стои: „Волјата на народот ќе биде основата на власта“!

Јавноста е сведок како ова основно начело на демократијата беше прекршено и при составувањето на нелегалната влада предводена од Сoцијалдемократскиот сојуз. Граѓаните кои се носители на суверенитетот на државата и чија волја е темелот на една власт беа погазени и тогаш, а се газат и денес. На граѓаните им е забрането да се изјаснат слободно на референдум по прашања кои нив директно ги засегаат, на тој начин се одзема власта од рацете на граѓаните.

Граѓаните се против населувањето на мигрантите и доделувањето на работни места во период кога невработеноста расте во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ во име на граѓаните најостро ја осудува ваквата одлука која ја донесе Сoцијалдемократскиот сојуз и ја повикува владата да ја преиспита и укине истата заради нејзиниот незаконски и неуставен карактер.

Граѓаните стравуваат за нивната безбедност, за безбедноста во населбите, градовите и улиците. Стравуваат како ќе се одрази овој наплив на мигранти врз економијата и нивната егзистенција.

Заев може да се обиде да ги спречи граѓаните да не излезат на референдум, но не може да ги спречи да го дадат својот глас на престојните избори на кои политиката на Сoцијалдемократскиот сојуз ќе биде казнета“, изјави Златко Перински, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања