(ВИДЕО) Пендаровски: Во мојот кабинет ќе има претставници од сите етнички заедници

Од:

Претставници од сите етнички заедници во неговиот кабинет, поголема вклученост на жените во политиката, директни средби со граѓани, Центар за политичко образование. Ова се дел од осумте проекти кои денеска ги претстави кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, кој рече дека би сакал да ги реализира во првите осум месеци од преземањето на претседателската функција.

Проектите, како што посочи Пендаровски, произлегуваат од неговите заложби да биде претседател на сите граѓани, да го поддржи политичкиот дијалог и да биде достапен и во постојана комуникација со граѓаните.

Кандидатот за претседател најави дека ќе организира Форум за натпартиски политички дијалог.

„По долги години конфликти и поделби, на Македонија и е потребен меѓупартиски дијалог за најважните прашања за граѓаните. Претседателот треба да биде гласот на разумот и балансот меѓу политичките партии и овој форум има за цел токму тоа да го постигне. Првиот проект ќе виде форум за надпартиски политички дијалог. По долги години конфликти и поделби, на Македонија и е потребен надпартиски дијалог за најважните прашања за граѓаните. Претседателот треба да биде гласот на разумот и баланс меѓу политичките партии и овој форум има цел токму тоа да го постигне. Во рамките на форумот, според потребите, ќе биде вклучена и академската и стручната јавност, бизнис-заедницата, синдикатите и граѓанските организации“, рече Пендаровски.

Како втор проект наведе организирање на директни средби со граѓаните во нивните градови и села, каде со нив и без посредници ќе разговара и ќе одговара на нивните прашања и предлози.

Во рамките на Кабинетот на претседателот, најави Пендаровски, ќе формира центар за континуирано политичко образование.

„Овој центар првенствено ќе се разликува од досегашната школа за млади лидери на Иванов, бидејќи нема да биде школа за политички елити, туку ќе настојува да ги поврзе младите од различно потекло со еминентни предавачи и тренери од државата и странство. Центарот ќе поттикнува интерес кај младите за политиката и ќе ги мотивира тие да се вклучат, да ја разберат и да ја практикуваат на најдобар можен начин“, рече Пендаровски.

Кандодатот за претседател најави и формирање на Фонд за стипендирање студенти и истражувачи и годишна конференција за научен и технолошки напредок.

Негова шеста точка е организирањето на волонтерски настани секоја година на којашто граѓаните ќе имаат можност да волонтираат за општокорисна цел. Поматаму рече дека ќе назначи посебна советничка за родова еднаквост и промоција на учеството на жените во политиката и ќе ги поддржи заложбите за задожително учество од најмалку 50 проценти жени на изборните листи на парламентарните и локалните избори.

Пендаровски истакна и дека во неговиот кабинетот ќе има претставници од сите етнички заедници избрани според нивната компетентност и професионалност.

„Кабинетот на претседателот ќе го отсликува мултикултурниот карактер на нашето општество. Со ваков пристап исто така ќе може одблиску да работам и да ги разбирам подобро проблемите на сите етнички заедници“, додаде Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Катерина Ѓуровски