(ВИДЕО) Пендаровски: Со ваша поддршка сме дојдени на важни функции за да помогнеме народот да живее полесно

Од:

Улогата на претседателот е да ги сплотува луѓето, а не да ги дели, ако ми ја дадете довербата и за вториот мандат ќе продолжам по истиот пат да ве почитувам сите и сечиј потенцијал, талент, знаење, и искуство да го користам за доброто на Македонија, порача синоќа од Кичево, кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Пендаровски посочи дека иако изминатите пет години биле тешки и полни со предизвици, на крајот успешно се завршени многу важни работи за државата.

„Го поминавме тој тежок период и успеавме во тој мандатен период од пет години да направиме неколку добри работи за државата со што ја осигуравме нејзината иднина. Притоа најмногу мислам на нашето членство во НАТО кое после долги години преговори со помош на меѓународни посредници конечно го реши оваа политичка структура од која јас сум дел. Ниедна претходна немаше храброст за да не си го наруши својот комодитет и рејтинг оваа политичка структура рече дека и по цена и да изгубиме дел од рејтингот, дел од популарноста мораме да го направиме тоа заради иднината на нашите деца и подобар живот на следните генерации. Македонија денес, е рамноправна членка на НАТО, во која членуваат 32 држави, најмоќните, најбогатите и најдемократските“ порача Пендаровски додавајќи дека ние сме европска држава и нашиот пат може да биде само евроатлантскиот и дека се друго како одење кон Исток или Азија е замајување на народот.

Пендаровски истакна дека битката против криминалот и високата корупција ќе биде негова највисока должност во име на народот доколку повторно ја добие довербата од граѓаните.

„Сите кои влегуваат во криминал дури и да ми се и најдобри другари, најблиски роднини ќе бидат јавно жигосани и од нив ќе се откажам јавно и ќе побарам надлежните органи да ги процесуираат. Ние сме дојдени со голема чест, со ваша поддршка на вака важни функции да помогнеме народот да живее полесно, а не децата да ни бегаат од државава. И на крај на памет не ми паѓа да простувам некому кој сака само себеси, своите најблиски или фамилијата да си ја вдоми, да си се осигура, а за другите баш му е гајле“ посочи Пендаровски.

Пендаровски повика на 24 април граѓаните да гласаат за бројот 1 за демократска, европска и напредна Македонија во која има соживот и во која сите меѓусебно се почитуваат

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска