(ВИДЕО) Пендаровски со граѓаните на Градско и Росоман: Во ВМРО-ДПМНЕ сега се „децата“ на Груевски, државата ја гледаат како акционерско друштво

Од:

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше заедно со граѓаните на општините Градско и Росоман. Пред граѓаните, Пендаровски посочи дека во изминатите години како претседател на државата не се однесувал дискриминаторски кон ниеден граѓанин, додавајќи дека тој заедно со актуелната владејачка гарнитура работел за подобар животен стандард на сите граѓани.

Осврнувајќи се на понудата од опозицијата, Пендаровски истакна дека во опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека тоа е партија каде уште е присутна истата матрица на Никола Груевски.

„Тие не се извинија за 27 април и за тепањето на пратеници. Напротив, тие сега сакаат да ги амнестираат. Без усул и достоинство се овие луѓе. Ова се „децата“ на Никола Груевски и Македонија ја разбираат како акционерско друштво“ порача Пендаровски.

Кандидатот за претседател Пендаровски порача дека неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова не се појавува на однапред закажани средби со граѓани во сопствената кампања и ги повика граѓаните на 24 април да гласаат за бројот еден.

„На 24 април гласајте за бројот еден, и на гласачкото ливче, но и во реалниот живот“ порача Пендаровски.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска