ВИДЕО: Пендаровски присуствуваше на воената вежба „Брз одговор 22“ на Криволак

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска присуствуваше на воената вежба „Брз одговор 22“, која се реализира од втори до дваесетти мај на армискиот полигон „Криволак“, а чиј домаќин е Република Северна Македонија.

За време на посетата на „Криволак“, претседателот Пендаровски беше брифиран за воената вежба „Брз одговор 22“ и ги проследи вежбовните дејства кои претставуваа комбинирани воздушни активности со падобрански скокови, хеликоптерски десант и авиони, во кои учествуваа вооружените сили на осум земји членки на НАТО.

Претседателот Пендаровски ги поздрави претставниците на специјалните единици и посочи дека оваа обемна вежба ја демонстрира колективната подготвеност на НАТО алијансата и претставува исклучителна можност Северна Македонија да ги покаже способностите и уникатните капацитети на полигонот „Криволак“ како современ тренинг центар за изведување на вежбовни операции според сите НАТО стандарди. „Брз одговор 22“ е потврда дека и нашата Армија поседува сериозен капацитет да придонесе кон колективната одбрана, безбедноста и сигурноста на евроатлантската област.

Вежбата има особено значење за развој на капацитетите на Армијата преку споделување на знаења, способности и вештини, како и зголемување на интероперабилноста со вооружените сили на сојузниците. Истовремено, придонесува за етаблирањето и афирмирање на „Криволак“ како меѓународен тренинг центар.

Во воената вежба на „Криволак“ учествуваат 4600 припадници од вооружените сили на осум земји членки на НАТО: Албанија, Грција, Италија, Обединетото Кралство, Северна Македонија, САД, Франција и Црна Гора. Во вежбата се вклучени 45 воздухоплови, односно борбени и транспортни авиони и хеликоптери, а за време на вежбата се изведуваат над 700 падобрански скокови.

Вежбата „Брз одговор 22“ има за цел да ја демонстрира способноста за брзо распоредување на копнените сили на САД во Европа и Африка заедно со мултинационалните воздухопловно-десантни сили од Европа.

Би можело да ве интересира

Доделено признанието „Инженерски прстен“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

ВИДЕО: Пендаровски на средба со надбискупот Галагер за односите меѓу Македонија и Светиот Престол

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Пендаровски-Милановиќ: Искрена и јасна хрватска поддршка за македонските евроинтеграции

Ана Ололовска

Пендаровски: Ние немаме видено француски предлог

ВИДЕО: Претседателот Пендаровски во посета на Уставниот суд

Ана Ололовска

Пендаровски се сретна со газдата на Манчестер Јунајтед: Разговаравме за македонскиот фудбал и за Роналдо

Катерина Павлова-Николовска