(ВИДЕО) Пендаровски: Николоски од своите рани дваесетти години живее на сметка на државата или на партијата

Од:

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Неготино одговори на прозивката од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за идните планови.

„На почетокот на мандатот, претходната кампања и пред вас и пред цела држава сум го кажал тоа дека по завршување на мојот мандат нема да ги користам привилегиите кои следуваат по закон. Меѓутоа, интересно е што тој човек го покренува тоа прашање. Тој човек, не знам кој знае, кој не знае, од своите рани дваесетти години или партијата или државата го финансира, буквално така. Значи тој е на јаслите на државата и на партијата од време кога бил во Унија на млади сили. Никогаш самиот нема ништо сработено и заработено во животот. Јас имам професија пред да станам претседател, кога ќе ми заврши мандатот ќе се вратам на таа професија. Но, таа одлука ќе ја донесам во 2029 година” порача Пендаровски од Неготино.

Пендаровски ги повика присутните на 24 април да го заокружат бројот еден на гласачкото ливче.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска