(ВИДЕО) Пендаровски: Никој не може да даде гаранции дека Бугарија нема да има нови барања по уставните измени

Од:

Претседателот Стево Пендаровски во годишното обраќање во Собранието зборуваше за уставните измени кои претстојат. Тој посочи дека сите значајни договори кои поминале низ законодавниот дом, како и одлуки за промените на Уставот, досега биле со поддршка од опозицијата. Пендаровски на пратениците им посочи: „Граѓаните чекаат – резултати!“.

„Сакам од ова место да порачам дека нам ни е насушно потребна кристално јасна и чиста правна и политичка процедура за промена на Уставот, каква што ѝ доликува на една европска демократија. Никој никого не треба да притиска, ниту да условува за да гласа спротивно на својата волја, но, при тоа, на сите пратеници треба да им се пред очи две работи: прво, дека самата содржина на конкретниот предлог, впишувањето на Бугарите и делови од други народи во Уставот, на ниту еден начин не го руши македонскиот идентитет, и второ, тие што се денес против, ако навистина веруваат дека ЕУ е нашата стратешка цел, нашата стратешка константа од 1991-та до денес и ако се денес против, како ќе гласаат за оваа уставна промена кога ќе бидат на власт?“, кажа Пендаровски.

Според него, отворањето на бугарските клубови не придонесуваат за градење на доверба помеѓу граѓаните.

„Нашата обврска за промена на Уставот не е поврзана со отворањето на клубовите на Бугарите во Македонија, меѓутоа, останува впечатокот дека станува збор за временски темпирана и организирана активност која не придонесува за градењето доверба меѓу Скопје и Софија. Со тензиите кои ги крена отворањето на овие клубови, за жал, другата страна одбра конфронтациски наместо, кооперативен пристап кој е целосно на линија со јавната реторика на бугарските историчари во заедничката комисија кои инсистираат историјата да ја доминира целокупната билатерална агенда, наместо да биде само еден нејзин сегмент. Фактот дека не постои никакво системско нарушување на правата на бугарското малцинство, не треба да ја лимитира нивната можност да отвораат клубови каде сакаат и колку сакаат, но, со стриктно почитување на македонските закони кои се компатибилни со европските“, додаде Пендаровски.

Според него, не може да има гаранции дека вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав ќе биде последно барање од соседната држава, во процесот на преговори со ЕУ.

„Следно прашање и дилема во јавноста е дали може да има гаранции дека тоа ќе биде последното барање кон нас во процесот на преговори? Еве го последниот пример: Бугарија и Романија се членки на Унијата петнаесет години, а неодамна беа блокирани за влез во Шенген зоната. Ако две членки на Унијата беа блокирани за влез во еден од најважните проекти на единствениот европски простор, се разбира дека никој не може да ѝ даде гаранции на земја- кандидат која тукушто ги почна преговорите кои не се праволиниски. Затоа, ние, во процесот треба да влеземе со самодоверба и да се фокусираме на исполнување на критериумите кои ќе обезбедат подобар живот на нашите граѓани. Одамна помина времето кога го меревме успехот во интеграциите според бројот на усвоените закони“, кажа претседателот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!

(ВИДЕО) Пендаровски: На 24 април заокружете број еден за стабилност во следните уште пет години

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Силјановска потврди дека историските прашања не се услов за влез во ЕУ

Пендаровски за Мицкоски: Стравот е толку голем и му излегува од очи, да не случајно му се врати Груевски

Предраг Петровиќ

Пендаровски од Брвеница: Ќе продолжам да градам мостови на соживот

А1он

Пендаровски: Другата политичка опција носи стагнација за Македонија

А1он